60-годишниот фудбалски стратег, Ернесто Валверде, е прогласен за најдобар во февруари во шпанскиот елитен шампионат, објави весникот – „Марка“.
Предводникот од клупата на Атлетик Билбао доби најмногу гласови од навивачите и ги остави зад него Чави од Барселона и Кике Флорес кој ја води екипата на Севилја.
Атлетик во февруари на домашен терен ги победи Мајорка (4:0) и Жирона (3:2) а ремизираше и со Алмерија (0:0). По 26 кола, тимот собра 49 бодови и се наоѓа на високото петто место во Примера Дивизон. Валверде по втор пат го доби признанието за најдобар тренер на месечно ниво.