Поранешниот директор на Астон Вила, Кит Вајнес, верува дека Премиер лигата ќе му одземе бодови на Челзи за прекршување на финансискиот фер-плеј.
– Мислам дека догодина ќе разговараме дека Челзи сериозно ги прекршил правилата. Мислам дека Премиер лигата нема други опции освен одземање бодови – вели Вајнес.
– Тод Боли и неговата инвестициска група имаат многу врски со Саудиска Арабија. Тие можат да се обидат да извлечат нешто но, чувствувам дека Челзи нема излез од ситуацијата – вели Вајнес.