Карембе: Реал ќе победи во ЛШ

Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, Кристофер Карембе, кој има освоено две титули во ЛШ во периодот од 1997 до 2000 година, верува дека шпанскиот тим ќе го освои врвот на Европа во тековнава сезона.

– Мислам дека Мадрид повторно ќе стане шампион. Сигурен сум. Ќе има многу пречки од Сити и од другите тимови но, мислам дека сега гледаме зрелост, желба… Го гледаме тоа во резултатите.Се надевам дека ќе стигнам на Вембли – рече поранешниот играч од средниот ред кој има 51 меч во дресот на „белите“.

Шпанскиот клуб во четвртфиналето ќе се сретне со англискиот состав Манчестер Сити кој ја брани титулата во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО