Јувентус повторно без победа, Тотенхем и Атлетико доминираа!

Јувентус продолжува со разочарувачките настапи во Лигата на шампиони и по четири одиграни кола сè уште нема победа. Италијанскиот гигант одигра само 1:1 против Спортинг Лисабон во Торино, и покрај тоа што имаше повеќе од играта и шанси за победа.

Јувентус губеше против Спортинг во Торино, Душан Влаховиќ израмни во 34-тата минута, но Старата Дама немаше сила за целосен пресврт. Со овој резултат, Јуве останува закован на дното од групата, со само три освоени бода.

За разлика од нив, Тотенхем и Атлетико Мадрид рутински ги решија своите натпревари. Лондонскиот клуб го совлада Копенхаген со убедливи 4:0, во меч во кој Кулушевски и Сон беа неприкосновени. Атлетико пак, славеше со 3:1 против Унион Сент-Жилуаз, продолжувајќи ја борбата за првото место во групата.

Најголемо разочарување на вечерта беше Олимпијакос, кој водеше против ПСВ се до 93-та минута, но холандскиот шампион успеа да избегне пораз со голот на американскиот интернационалец Рикардо Пепи.

Јуве сега се наоѓа под голем притисок – ако не ја прекине серијата без победа во следното коло, ризикува да остане без пласман во нокаут-фазата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО