Утре во Куманово посебен спортски настан

Во „Етно Куќа Марковиќ“ во Куманово ќе биде организирано посебно дефиле на спортските легенди од поранешна Југославија со акцент на учесниците на Светското првенство во бокс во 1978 година. Според организаторот на настанот, Чедомир Марковиќ, кој беше гостина на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, треба да бидат присутни боксери од тогашната репрезентација на Југославија и поранешни славни спортски ликови од екс-ју просторите. Меѓу имињата се наведени : Фазлија Шаќировиќ, Братислав Ристиќ, Аце Русевски, Тадија Качар, Драгомир Вујковиќ, Анте Јосиповиќ, Мирко Пузовиќ, Реџеп Реџеповски, Примислав Димовски итд. На дефилето се поканети и луѓе од фудбалот, Дарко Панчев, Кочо Димитровски, Вујадин Станојковиќ, Диме Георгиев како и Трифун Костовски кој со неговиот Кометал Ѓорче Петров ја покори ракометна Европа. Посебен гостин ќе биде олимпискиот шампион- Шабан Трстена.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО