Успешен старт на Ѓорческа на вториот турнир во Ларнака

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа успешно го започна вториот турнир во Аламинос, Ларнака, Кипар.

Ѓорческа која на претходниот турнир играше во финалето, во денешниот натпревар од првото коло, славеше против Ирене Бурило Ескорихуела со 2:1, во сетови 5:7, 6:4 и 6:2.

Ова беше уште еден тежок и маратонски меч на Лина Ѓорческа што траеше 2,58 часа. Ѓорческа на овој турнир е осма носителка, а следнот натпревар ќе го игра утре.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО