Екипата на ФК Вардар веќе два дена тренира откако ги започна зимските подготовки во простер на пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ.
Во очекување на нови засилувања, од таборот на „црвено-црните“, по Владимир Жоглев и Христијан Вецевски им се заблагодарија на уште два фудбалери.
-Лука Трајкоски повеќе не е дел од ФК Вардар. За црвено-црните одигра вкупно девет натпревари, од кои осум во рамки на лигата и еден во рамки на Купот.Клубот му се заблагодарува за ангажманот и му посакува успех во понатамошниот дел од кариерата.
-Лутфи Биљали повеќе не е дел од ФК Вардар. Во името на клубот му се заблагодаруваме за ангажманот и му посакуваме успех во понатамошниот дел од кариерата.