По натпреварот од 2.коло од групната фаза на ЕП 2024 , во кој репрезентацијата на Украина ја совлада Словачка со резултат 2:1 стана јасно дека Украина постави уште еден антирекорд на Европските првенства. Така, репрезентацијата на Украина во 13-те меча на ЕП никогаш не ја зачувала мрежата, што е антирекорд за ова натпреварување, бидејќи ниту една екипа во историјата не ја постигнала својата прва чиста мрежа на ЕП по толку многу натпревари, објави „Опта Спортс“.
Да потсетиме, екипите играа на стадионот Меркур Шпил Арена во Дизелдорф, а Украина голот го прими во 17. минута кога напаѓачот на репрезентацијата на Словачка Иван Шранц го отвори резултатот. Во 54. минута играчот од средниот ред Николај Шапаренко го постигна израмнувачкиот гол, додека во 80. минута напаѓачот Роман Јаремчук го донесе украинскиот тим во водство – 2:1.