Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена дисциплинска постапка и истрага против шпанските фудбалски репрезентативци, Алваро Мората и Родриго.
Мората, капитенот на шпанската репрезентација која ја освои шампионската титула на ЕП и најдобриот играч на првенството, Родри обвинети се за недолично однесување во Мадрид, на прославата на титулата.
Шпанското дуо во екстаза и славење пееше „Гибралтар е шпански“, поради што Фудбалскиот сојуз на Гибралтар поднесе официјална жалба до УЕФА.
УЕФА назначи дисциплински инспектор да процени дали и колку Мората и Родри ги прекршиле правилата. Двајцата, како и Шпанската фудбалска федерација, имаат рок од две недели да поднесат жалба и потенцијално да избегнат казна.
Официјално, Мората и Родри се обвинети за кршење на стандардите за пристојно однесување, дискредитација на фудбалот како спорт и користење на спортски настани за неспортски дејствија.
Гибралтар е територија на Обединетото Кралство со 33.000 жители на југот од Шпанија, за која Лондон и Мадрид се расправаат со децении.
Шпанија никогаш не престана да го бара Гибралтар, но во 1967 година нејзините жители на референдум гласаа да останат под власта на Обединетото Кралство.
Две години подоцна Гибралтар доби нов устав и поголема автономија. Во 1991 и 1997 година, Шпанија и предложи на Велика Британија заеднички суверенитет за Гибралтар, но предлогот беше одбиен.