УЕФА може да донесе одлука во корист на селекторите

Европската фудбалска асоцијација може да дозволи да бидат пријавени по 26 фудбалери во секоја селекција што ќе се појави на Европското првенство во Германија во текот на летото.

Досега бројката беше – 23 играчи. Весникот – „Атлетик“, наведува дека управното тело на европскиот фудбал – „ги зеде в предвид коментарите на некои тренери на националните тимови во врска со составите на ЕП 2024 година“.

Одлуката ќе биде донесена на семинарот на 8 април кога ќе се појават и претставниците на сите земји учеснички на Континеталниот собир.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО