УЕФА го назначи францускиот судија Клемен Турпан да го суди првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ), што ќе се игра утревечер (21 часот) во Германија. Него ќе му помагаат сонародниците, Николас Данос и Бенжамин Паж. Во ВАР-собата ќе бидат Жером Брисар и Вили Делажо.
Францускиот судија по седми пат ќе суди натпревар на Реал во ова натпреварување. Последен пат тоа беше на вториот натпревар од групната фаза сезонава, кога Реал Мадрид го совлада Наполи (3:2).
Англичанецот Ентони Тејлор, ќе ја дели правдата на вториот полуфинален натпревар во ЛШ, во среда, меѓу Борусија Дортмунд и Пари сен Жермен. Помошници на Тејлор ќе бидат сонародниците, Гери Бесвик и Адам Нан, додека во ВАР- собата ќе бидат Стјуарт Атвел и Дејвид Кут.
Францускиот првак под арбитражата на Тејлор има забележано пет победи, едно реми и еден пораз. Борусија Дотрмунд нема многу среќа кога на теренот е англискиот судија. Германскиот клуб има само еден успех на четирите натпревари.