Во пресрет на утрешното финале на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, стана јасно каква ќе биде распределбата на средствата за финалистите.
Шпанскиот гигант ќе се бори за својот 15. трофеј на турнирот, додека „жолто-црните“ ќе се обидат да стигнат до своето прво одличје по она од 1997 година.
На победникот во годинешното финале ќе му следуваат 21,5 милиони долари, додека поразениот финалист ќе добие 16,12 милиони долари. Во касата на секој од поразените во полуфиналето ќе влезат 13,2 милиони долари.