УЕФА бара објаснување од Белингем за гестот на мечот со Словачка

УЕФА му испрати писмо на офанзивниот играч за врска на Англија, Џуд Белингем, во кое го замоли да го објасни гестот што го направи на осминафиналето на ЕП 2024 со Словачка (2:1).

По голот на оваа средба, фудбалерот замавна со раката во близина на препоните по што беше обвинет за недолично однесување и за непочитување на противникот.

Според „Дејли мејл“, Белингам има три дена да и’ одговори на УЕФА. Се нагласува дека англискиот играч за врска ќе инсистира дека немал намера никого да навреди со таквиот гест.

Претходно на официјалниата страница на УЕФА се појави информација дека етичкиот и дисциплински инспектор ќе спроведе истрага за потенцијално прекршување на основните правила за пристојно однесување од  Белингем.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО