Познати кандидатите за најубав гол во осминафиналето на ЕП

Прес-службата на УЕФА го објави почетокот на гласањето за најубав гол во осминафиналните натпревари на ЕП 2024 година. На листата од четворица кандидати се најдоа головите на Англичанецот, Џуд Белингам (Англија – Словачка, 2:1 продолжение), на Шпанците Нико Вилијамс и Фабијан Руиз (Шпанија – Грузија, 4:1), како и на Швајцарецот Рубен Варгас (Швајцарија – Италија 2:0).

Во четвртфиналето на ЕП се пласираа селекциите на Шпанија, Германија, Португалија, Франција, Холандија, Турција, Англија и Швајцарија, а настапот на континенталниот шампионат во осминафиналната фаза го завршија Грузија, Данска, Словенија, Белгија, Романија, Австрија, Словачка и Италија.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО