Удобно му е во Дортмунд: Санчо има еден, единствен услов за враќање назад кон Манчестер

Неизвесно е по завршување на актуелната сезона каде ќе заврши Џејдон Санчо.

Тој е испратен на полусезонска позајмица во Борусија Дортмунд, каде повторно се вклопи и тргна напред со тимот, кој обезбеди полуфинале во Лигата на шампионите деновиве.

Јасно е дека играчот не посакува враќање во Манчестер, бидејки смета дека ставовите на тренерот Тен Хаг не се добри за неговата кариера, бидејки смета дека си игра топло ладно со него.

Од друга страна, холандскиот стратег неколкупати потенцираше дека не е задоволен од она што го нудеше Санчо во Манчестер Јунајтед, па затоа беше испратен на позајмица.

Е сега, Санчо повторно се стабилизира во својот поранешен клуб, па останува единствено неизвесно да се види дали Дортмунд ќе има финансиска сила да му пркоси на Јунајтед, па евентуално со редуцирана цифра да конкурира за кам-бек на Санчо во Дортмунд.

Според британските медиуми, Санчо на управата во Јунајтед им посочил дека постои само еден услов да се врати назад во Манчестер, а тоа е да си замине актуелниот тренер.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО