Фудбалската репрезентација на Македоноја (до 21) загуби од селекцијата на Шведска со 0:2 во Скопје и направи чекор назад во квалификациската група за пласман на Европското првенство (ЕП).
По солидното прво полувреме кога Македонија главно беше ориентирани на дефанзива, на стартот на вториот дел остана без исклучениот, Михаил Димитриевски што беше голема предност за противникот.
Шведска реализираше преку Розенгер во 67 минута и Вилхелмсон во судиското надополнување, на крајот од мечот. Наредниот дуел избраниците на Канатларовски ќе го имаат на 5 септември на гости во Холандија.