Турција, низ уште едно свое квалитетно издание, загуби од Холандија во четвртфиналето со што ги заврши своите настапи на Европското Првенство во Германија. И додека се уште се сумираат впечатоците, веднаш по синоќешниот натпревар Турците го пронајдоа виновникот за елиминацијата.
– Господине Монтела, буквално не упропасти. Половина час доцнеше со измените. Зарем требаше да биде 2-1 за да направиш измени? Уморни сме од умислени тренери како вас. Вие сте тие кои уништивте една златна генерација која можеше да дојде и до европска титула – е ставот на познатата спортска новинарка, Елис Арас.
Идентичен е ставот и на турскиот фудбалски аналитичар Серген Јалчин.
– Монтела ја упропасти оваа генерација. Неговите избори за тимот се нелогични, необјасниви, а тој продолжува само онака како тој смислил. За поразот пресуди неодговорниот однос на Монтела. Нас секогаш не упропастуваат некомпетентни лица кои ја водат репрезентацијата – вели Јалчин.