Турската федерација испрати жалба на одлуката за суспензија на Демирал

По вчерашната информација дека фудбалерот на турската репрезентација Мерих Демирал доби два меча суспензија поради националистички гестикулации на мечот со Австрија, денеска со соопштение се обратија од Турската фудбалска федерација во кое се вели дека одликата не е конечна.

– Веста објавена под наслов „Мерих Демирал доби суспензија од УЕФА на два натпревари“ во весникот „Билд“ не ја отсликува вистината, затоа што на одлуката е поднесена жалба и истата не е конечна, се вели во соопштението на Турската фудбалска федерација, која очекува промена на суспензијата на Демирал, што во една ваква констелација е малку веројатно.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО