Тухел: Судијата не досуди пенал за нас, објаснувајќи дека била „детска грешка“?

Глвниот судија на мечот Арсенал – Баерн Минхен, Швеѓанецот Глен Ниберг, на прилично наивен начин се обиде да ја објасни одлука да не досуди пенал за гостите. Ова го откри тренерот на Баерн, Томас Тухел по крајот на натпреварот во Лондон што заврши 2:2.

Во завршните минути од мечот, Давид Раја и Габриел направија глупост во својот шеснаесетник, која, за чудо, не резултираше со пенал за гостинската екипа.

Голманот на „топчиите“ ја уфрли топката во игра по свирежот на судијата, додавајќи му ја на својот соиграч во шеснаесетникот. Но Габриел ја фати топката со рака и повторно ја намести на линијата за да започне нападот!

На теренот потоа, Ниберг им објаснувал на играчите на Баерн дека тоа е „детска грешка“ и не гледа оти има смисла да досуди удар од белата точка!

– Судијата направи огромна грешка. Сфаќам, тоа е глупава ситуација. Но, тој сигнализираше да продолжи играта, по што дефанзивецот ја зеде топката во рацете. Но, она што најмногу не’ налути не беше тоа, туку неговото објаснување. Тој им кажал на нашите играчи дека тоа е „детска грешка“ и дека никогаш нема да досуди пенал за такво нешто во четвртфинале од Лигата на шампиони.

Тоа е страшно објаснување, затоа што излегува оти играњето со рака го разбира како детска грешка, грешка на возрасен и слично, изјави Тухел по мечот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО