Тухел објави добри вести за навивачите на Баерн Минхен

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел ги увери навивачите на неговиот клуб дека напаѓачите Хари Кејн и Кингсли Коман ќе бидат достапни за дуелот од Бундеслигата против Борусија Дортмунд.

Капитенот на Англија, Хари Кејн, ги пропушти пријателските натпревари против Бразил и Белгија, откако заработи повреда на зглобот во победата на Баерн од 5:2 во Дармштад, додека Французинот Коман беше надвор од терените два месеци поради повреда на левото колено.

Вестите за капитенот на Баерн, Мануел Нојер не се добри и тој нема да може да игра во дербито. Голманот доживеа истегнување на мускул на тренингот со германската репрезентација минатата недела.

„Вчера, Хари тренираше целосно со тимот, секој ден е се подобар. Во ред е, тој ќе игра. Кингсли е важен фактор за нас и тој ќе се врати во тимот за натпреварот. Серж Гнабри исто така е подготвен. Двајцата се од огромно значење за нас. Нашите опции во нападот стануваат се повеќе. Нојер е надвор. Ниту Рафаел Гереиро се уште не е закрепнат. А Саша Бо се повреди во текот на неделата“. изјави на прес-конференција денес тренерот Томас Тухел.

Тренерот на Баерн го предводеше тимот на Борусија Дортмунд во периодот 2015-2017 година, а пред оваа средба изјави дека очекува тежок натпревар.

И во Дортмунд имаат проблеми. Холанѓанецот Дониел Мален е надвор од комбинација откако заработи повреда на бутот за време на меѓународните натпревари. Патувањето во Минхен поради болест ќе го пропушти и голманот Грегор Кобел. Актуелниот шампион Баерн заостанува 10 бода зад лидерот во Бундеслигата, Баер Леверкузен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО