Баерн Минхен направи уште еден чекор назад кога е во прашање борбата за титулата во Бундеслигата. Баварците останаа без победа во Фрајбург (2:2), а очекувано навивачите како најзаслужни ги гледаат тренерот Томас Тухел и неговата тактика на крајот од натпреварот.
За Томас Тухел ова уште еден голем неуспех. Одамна беа елиминирани од Купот, Бундеслигата им се „лизнува“ од раце, Лигата на шампионите изгледа како недостижен сон, а по мечот против Фрајбург јасно е дека Тухел не е човекот за клупата на најголемиот германски клуб.
Тој повторно ги обвини играчите за неуспехот, тврди дека во поголемиот дел од натпреварот биле недисциплинирани.
-Не одигравме добро во првиот половина час. Заслуживме да загубиме. Потоа имавме добра реакција, одигравме многу добро второ полувреме, создадовме многу шанси, но наградата не дојде. На крајот, едно добро полувреме не е доволно за победа. Во тие први половина час игравме многу недисциплина, измислувавме, играчите не знаеја на кои позиции се.
Тухел кажа реченица која ги насмеа дури и навивачите на Баерн. Не можат да поверуваат што рекол човекот.
-На крајот не победивме поради среќниот гол што го примивме, додаде Тухел, кој стана предмет на потсмев меѓу своите навивачи. Патем додаде:
„Бевме премногу недисциплинирани, губевме топки и им дававме шанса за контранапади. Правевме работи за кои никогаш не трениравме. Не знам што друго да ви кажам. Не верувам дека ова е прашање на волја, туку чисто недисциплина“, истакна тренерот на Баерн.
Реакцијата на навивачите на неговата изјава доволно говори. Тие би сакале Тухел утре да го напушти клубот.
-Дали е реално тоа што рече дека не го добивме натпреварот затоа што противникот постигна среќен гол?, прашуваат навивачите на баварскиот великан.
Многумина од нив на социјалните мрежи веќе бараат заминување на 51-годишниот тренер. Тие веруваат дека сезоната сепак може да се спаси доколку на клупата дојде вистинскиот човек.
Баерн се согласи да се раздели со Тухел на крајот од сезоната. Раководството на тимот е во преговори со кандидатите, а сите најмногу би сакале да го видат Чаби Алонсо во Минхен.