Ракометната федерација на Црна Гора испрати писмо со намери до Светската ракометна федерација (ИХФ) за добивање специјална покана за учество на репрезентацијата на Светското првенство (СП) што во јануари следната година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Хрватска.
Црногорците не успеаја да се квалификуваат за Мундијалот преку баражот, по сензационалната елимнинација од Италија. За „вајлд картата“ за учество на првенството ќе одлучува ИХФ.
– Главниот аргумент во прилог на ова барање е тоа дека сме најдобро пласираната репрезентација од последното големо натпреварување, на Европското првенство 2024, од сите репрезентации кои не успеаја да се пласираат на претстојното СП, се наведува, меѓу другото, во писмото што Црна Гора го испратила до ИХФ.