Тросар израмни рекорд во ЛШ

Фудбалерот на Арсенал, Леандро Тросар вчера стана херој за „топчиите“, постигнувајќи го голот во реми 2-2 против Баерн Минхен во првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Голот му донесе на Белгиецот достигнување со кое можат да се пофалат само уште тројца играчи. Тросар сега има 4 гола и 1 асистенција во неговите 8 натпревари за Арсенал во најквалитетното европско клупско натпреварување оваа сезона. Сите на „Емирати“.

Со тоа, Тросард стана само четвртиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал гол на секој од неговите први 4 домашни натпревари во ова натпреварување. Ова го имаат постигнато само уште Алесандро Дел Пјеро, Фредерик Кануте и Оскар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО