Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег, откри дека најверојатно ќе може да смета на Расмус Хојлунд, Арон Ван-Бисака и на Хари Мегваер за четвртфиналето на ФА купот со Ливерпул следната недела.
Холанѓанецот на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар во Премиер лигата откри дека Маркус Рашфорд и Џони Еванс ќе бидат подготвени за мечот со „карамелите“.
– Тоа е добрата вест. Рашфорд и Еванс се опоравија од дербито со Манчестер сити па ќе бидат достапни. Освен тоа, составот е ист освен Омари Форсон, кој е надвор од теренот поради повреда. За Мејсон Маунт, мислам дека е во добар период во моментов и ќе се врати наскоро.
Мислам дека тоа ќе се случи по паузата за репрезентациите. Некои играчи планираат да се вратат следната недела. Се надевам дека работите ќе продолжат да се развиваат како што се сега, бидејќи очекувам Мегваер и Ван-Бисака да се вратат и да бидат достапни за нашиот натпревар против Ливерпул. Слична е ситуацијата и со Хојлунд, коментираше Тен Хаг.