Три години затвор за навивач на Хофенхајм заради фрлена експлозивна направа и десетина повредени, меѓу нив и деца

Судијата на окружниот суд во Аугсбург, Германија осуди 28-годишен навивач на Хофенхајм на тригодишна затворска казна, бидејќи во ноември 2023 година фрлил петарда на натпревар од Бундеслигата меѓу Аугсбург и Хофенхајм при што беа повредени десетина луѓе, меѓу кои и деца.

-Тоа не беше нормален случај на употреба на пиротехнички средства на германски стадион. Тоа беше голем инцидент со експлозивна направа, поради што 26.000 луѓе во Аугсбург стравуваа од терористички напад, рече судијата Кристоф Керн.

Натпреварот меѓу Аугсбург и Хофенхајм мораше да биде прекинат, делумно за да им се помогне на повредените. Државниот обвинител побара затворска казна од четири години и 10 месеци заради „особено несовесно“ дејствие, нанесување тешка телесна повреда, при што беа повредени деца, само затоа што обвинетиот сакал да привлече „максимално внимание“.

Обвинетиот неколку пати се извинувал за своите постапки. „Тоа беше многу глупаво“, рече тој на крајот од судењето. Тој и платил отштета на жртвата која најверојатно цел живот ќе страда од тинитус (зуење и шуштење во ушите).

Неговиот бранител побарал условна затворска казна од две години. Адвокатот истакнал дека 28-годишникот веќе бил во притвор повеќе од пет месеци. Уште три лица се обвинети за помагање на обвинетите и се осудени на условни затворски казни.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО