Атлетико Мадрид не успеа да освои трофеј минатата сезона, беа поразени во финалето на Купот на кралот, подоцна испаднаа во полуфиналето на Лигата на шампионите, но нивните играчи имаат значајна улога на тековното Светско првенство и ќе бидат најбројни во претстојното финале помеѓу Аргентина и Шпанија.
Дури девет фудбалери од популарните „Јорганџии“ се во составите на Аргентина и Шпанија за големото финале во недела (21 часот).
Кога е во прашање актуелниот светски шампион, тука се: Хуан Мусо, Џулијано Симеоне, Нахуел Молина, Тијаго Алмада и најдобриот играч на Атлетико Хулијан Алварез.
Од друга страна, во тимот на тренерот Луис де ла Фуенте се следните членови на црвено-белите мадридисти: Маркос Љоренте, Марк Пубиљ, Алекс Баена и новото засилување Алехандро Грималдо.
Најинтересниот факт во оваа приказна е дека ова ќе биде трето последователно финале на Светското првенство во кое Атлетико Мадрид ќе биде клубот со најмногу играчи во натпреварот за трофејот. Истото се случи и во финалето на претходните две Светски првенства во Катар (2022) и Русија (2018).
https://x.com/atletiuniverse/status/2077506513909023165?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E2077506513909023165%7Ctwgr%5Ed668c8d0378ace883bfeec488a07346202333c7f%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsport%2Fpo-tret-pat-po-red-eden-klub-ima-najmnogu-igrachi-vo-finaleto-na-svetskoto-prvenstvo%2F
Во судирот меѓу Аргентина и Франција пред четири години во Катар, шпанскиот клуб имаше четири претставници. Антоан Гризман настапи за „Триколорите“, додека во составот на „Гаучосите“ беа Родриго де Пол, Нахуел Молина и Анхел Кореа.
Кога станува збор за решавачкиот натпревар на Светското првенство во Русија, ривали беа Франција и Хрватска. Во тоа време, Антоан Гризман, најдобриот стрелец во историјата на Атлетико, блескаше во дресот на Франција, а друштво му правеа Лукас Ернандез и Томас Лемар. Хрватска претставник на Атлетико беше десниот бек Шиме Врсаљко.
Три последователни финалиња на Светските првенства и вкупно 17 играчи на Атлетико Мадрид. Секоја чест.