УРНЕБЕСНО ВИДЕО – Манчестер Јунајтед се пошегува со „hydration break“ на ФИФА

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед полека се комплетираат и ги интензивираат тренинзите пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата.

Тренинг центарот на „Црвените ѓаволи“, Карингтон се исполнува со играчи кои наоѓаат време и да се пошегуваат.

Па, така клубот искористи една интересна ситуација меѓу Лени Јоро и Мбеумо да се пошегува со популарната „hydration break“ односно пауза за освежување воведена на Светското фудбалско првенство.

https://www.facebook.com/share/r/1DJG7f6B6F/

Јунајтед објави видео на кое се гледа како Лени Јоро му истура вода на Мбеумо, а снимката ја опиша како „Пауза за освежување: Јунајтед едиција“.

Фудбалерите на Јунајтед во тренинг центарот по завршување на Мундијалот го очекуваат и Лисандро Мартинез кој настапува за Аргентина и во недела го игра финалето со својата репрезентација.

По вчерашната победа над Англија и пласман во финалето против Шпанија, Мартинез прослави и со своето семејство.

 

Lisandro Martinez / X

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО