Трансферот на Алонсо би го чинел Ливерпул цело богатство!

Ливерпул посакува Чаби Алонсо да биде наследникот на Јирген Клоп на менаџерската позиција. Но „црвените“ можеби ќе треба да платат рекордна сума пари за Шпанецот, речиси двојно повеќе отколку кога го ангажираа како играч! Алонсо од 2004 do 2009-та одигра 210 натпревари и постигна 19 гола за „црвените“.

„Дејли мирор“ објави дека „Скај Германија“ сугерира оти Ливерпул можеби ќе треба да му плати околу 21 милион фунти отштета на Баер за Алонсо, бидејќи тој има договор до 2026 година.

Цифрата од 21 милион фунти е речиси двојно поголема од онаа што Ливерпул ја плати кога го ангажира Алонсо како играч, од Реал сосиедад во 2004 година. Тогашниот менаџер на Ливерпул, Рафаел Бенитез, за Алонсо, едно од неговите први засилувања на Мерсисајд, плати 10,5 милиони фунти.

Највисоката откупна сума за тренер/менаџер, 21,7 милиони фунти, ја плати Баерн Минхен, на Лајпциг во 2021-та,за Јулијан Нагелсман.

Алонсо (42) кој со Баер Леверкузен е непоразен сезонава и е на врвот на табелата во Бундеслигата е прв фаворит за наследник на Клоп. Но како опција за Ливерпул се спомнуваат Рубен Аморим од Спортинг, Роберто Де Зерби од Брајтон и селекторот на Германија, Нагелсман.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО