Трајковски со гол ја прекина ужасната серија на Хајдук без победа

Фудбалскиот клуб Хајдук вчера славеше минимално со 1:0 на гостувањето кај Славен Белупо и со тоа ја прекина црната серија.

Клучен за победата на Хајдук беше македонскиот интернационалец Александар Трајковски, кој голот за победа го постигна во раната фаза, во 12. минута и тоа практично беше голот за три бода.

Хајдук до пред неколку недели имаше фантастична сезона, беа на прагот да освојат титула, но во самиот финиш направија некои лоши резултати и сега назадуваат зад лидерот Ријека.

Овој важен погодок за Хајдук, беше трет зад името на Трајковски сезонава во хрватското фудбалско првенство.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО