Денвер поведе во серијата против Лејкерс

Кошаркарите на Денвер поведоа со 1:0 во серијата од плеј-офот на Западот против ЛА Лејкерс, победија со резултат 114:103.

Избраниците на Мајкл Мелоун одиграа добар натпревар на стартот од серијата, а посебно импресивни беа во второто полувреме, кое го добија со скор од 57:43.

На оваа средба стандардно добар беше Никола Јокиќ со 32 поени, 12 скокови и 7 асистенции и без загубени топки.

Јокиќ во свој ритам го почна походот кон нова шампионска титула, а во тоа му помогнаа соиграчите Џамал Мареј со 22 поени, Портер со 19 и Гордон и Колдвел Поп со по 12 поени.

Во поразената екипа, Дејвис беше носител на играта на „езерџиите“ со 32 поени, го следеше Џејмс со 27, единствено потфрри Дианџело Расел кој имаше катастрофален шут (6/20) од игра и (1/9) за три поени.

Во првиот дел Лејкерс беа добри, но во вториот имаа одреден проблем, не личеа сами на себе и таму го загубија натпреварот, а Денвер личеа како на онаа шампионска сезона од пред една година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО