Трабзонспор направи луд пресврт – Барди учествуваше со ефектен гол во победата

Во дуелот од турското првенство, Трабзонспор успеа да победи со 4:2 против Газијантеп, иако по првите минути од натпреварот, имаше негатива од 0:2 на домашен терен.

Головите за домаќинот беа постигнати во вториот дел, а интересно е тоа што пресвртот се случи во само 15 минути, во кои гостите беа буквално торпедирани.

Пол Онуачу постигна хет трик, во 50, 66 и 68 минута, а и македонскиот репрезентативец, Енис Барди стрелаше во 65. минута. Тој постигна еден од најубавите голови во колото на турското првенство.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО