Тотенхем нуди 60 милиони евра за Де Јонг

Играчот од средниот ред на холандската фудбалска репрезентација и член на Барселона, Френки де Јонг е мета на Тотенхем. Ова го објави новинарот Жерар Ромеро.
Според неговите извори, лондонскиот клуб е сериозно заинтересиран да го донесе холандскиот играч во тимот за следната сезона. Спарс веќе доставиле понуда до Каталонците во износ од 60 милиони евра. Понуден е и четиригодишен предлог договор за Френки, според кој тој ќе зема иста плата како и во Барселона доколку оствари одредени цели во Тотенхем.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО