Тотален пресврт: Јокиќ го даде најдоброто, Денвер поведе со 3:2

Кој да веруваше пред една недела дека Денвер по тоталниот нокаут во првите две средби, каде губеа со 2:0, ќе се вратат во егал и ќе поведат во серијата, е тоа се оствари ноќеска, каде и по трет пат ја совладаа Минесота.

Овој пат тоа го направија со резултат од 112:97 и покажаа зошто го заслужуваат епитетот шампиони во НБА првенството.

Најинтересен е фактот што веќе на следниот меч, кој се игра во Денвер, пред своите гледачи, ќе можат да обезбедат финале и да се извлечат од оваа серија, која за нив почна скоро катастрофално.

Српскиот ас Никола Јокиќ одигра уште една нестварна партија, тој запиша 40 поени и беше лидер на неговите момци во поход кон победата. Тој уште придодаде и 7 скокови и 13 асистенции.

Веројатно малкумина беа тие навивачи кои веруваа дека по оние 0-2 за Минесота, Денвер ќе може да се врати во серијата и да преживее, но ете, ги демантираа скептиците и итаат кон големото финале.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО