Торино ја победи Рома со 3:2 во осминафиналето на Купот на Италија. Натпреварот се одигра синоќа на стадионот „Олимпико“ во Рим.
Че Адамс постигна два гола за Торино, а во двата наврати асистираше Никола Влашиќ. Емирхан Илхан исто така постигна гол за гостите. Марио Ермосо и Антонио Арена беа стрелци за домашната екипаисто така постигнаа голови за тимот од Рим.
Рома е елиминирана од турнирот, а Торино ќе се соочи со Интер во четвртфиналето, кој претходно ја победи Венеција со 5:1. зс/
Фото: ЕПА