Тони Крос донесе решение за својата иднина

Германскиот фудбалски интернационалец Тони Крос кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. 34-годишниот играч за врска и шпанскиот клуб се блиску до продолжување на договорот за уште една сезона до 2025 година.

Двете страни постигнаа договор и потпишувањето на договорот останува само формалност, откри трансфер експертот Фабрицио Романо.

Крос има уште една добра сезона со Реал Мадрид и неодамна се врати во германската репрезентација со која се надева на силен настап на домашното Европско првенство во лето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО