Тој не е ниту стартер во тим од третата шпанска лига, но го засилува Реал Мадрид

Жереми Де Леон е 19-годишен фудбалер од Порторико, кој настапува за Кастелон во третата шпанска лига. Тој наскоро се сели во Реал Мадрид.

Се очекува тој да игра за младиот тим на мадридскиот гигант пред да докаже дека има место за него во најсилниот тим. Во своите редови сакаат да го доведат и Виљареал и Валенсија.

Тој игра на позицијата десно крило, а може да се користи и на лево и како напаѓач. Со просечни 32 минути на 14 натпревари оваа сезона, забележа една асистенција. Иако не му е загарантирано место ниту во стартниот состав на својот клуб, Реал во него препозна талент кој вреди да се надградува.

Напаѓачот, кој Трансфермаркт го проценува на 200.000 евра, ќе започне со натпревари во Кастиља под водство на Раул, по што ќе се види колку може да напредува и дали може еден ден да заигра во најсилниот тим на клубот.

Во својата 121-годишна историја, Реал имаше само еден Порториканец. Едуардо Ордонез пристигна во клубот во 20-тите години на минатиот век. По фудбалот се посвети на операта.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО