Една од најдобрите фудбалерки на струмичка Тиверија во пролетниот дел од сезоната нема да го носи дресот на клубот.
-Спогодбено раскинат договорот помеѓу Маријана Јанков и ЖФК Тиверија Струмица
Маријана (28) ни се приклучи во 2021 година и беше дел од клубот 2 ипол сезони. Одигра 60 официјални натпревари на кои мрежата ја тресеше дури 53 пати.
Маријана остави траен белег во нашиот клуб и секогаш ќе биде дел од нашата фамилија. Ти благодариме Маки и ти посакуваме многу успех и спортска среќа понатаму, објавија од клубот.