Тешки денови за Гаскоњ: Легендата пронајден крвав и претепан

Поранешниот англиски фудбалер, легендата Пол Гаскоњ, е пронајден, претепан, пред еден хотел во Борнмаут.

Луѓе кои минувале околу хотелот, забележале како одредени луѓе од Гаскоњ побаруваат пари. Еден од луѓето кои прв го воочил Гаскоњ во ужасна ситуација, бил негов некогашен фан и едвај го препознал.

– Тој е мојот херој од детството, кога го видов неговото лице, срцето ми се кршеше. Мажите во по одминати години сите го познаваат Гаскоњ, со него растевме, раскажал човекот кој прв го препознал претепаниот Гаскоњ.

Според зборовите на човекот кој го видел прв легендарниот ас, раскажал на медиумите дека лицето му било целосно крваво и дека физички и психички бил тотално надвор од овој свет. По случката со Гаскоњ, заминал дома да гледа фудбал, но неговите зборови во медиумите биле дека ништо потоа не му било исто и дека мислел постојано на легендарниот фудбалер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО