Миовски си ја подига трансфер цената: Повторно стрелец и асистент во победата на Абердин

Бојан Миовски несомнено и полека, но сигурно, станува миленик на фановите на шкотски Абердин.

Македонскиот репрезентативец во голем стил ја почна новата 2024 година, со гол и една асистенција на натпреварот против Рос Каунти (3;0), кој се одигра вечерва.

Бојан Миовски прво беше креатор на една асистенција, при водечкиот погодок за неговиот Абердин, додека во самиот финиш од средбата, во 80. минута, тој ја затресе мрежата на противникот и ги постави конечните 3:0.

Абердин бележи солидни резултати со Бојан Миовски, а скорот на македонскиот интернационалец сезонава на натпреварите на кои играше, постигна девет голови и запиша две асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО