Го сметаат за „промашување“ во Јунајтед – па официјално се врати во неговиот матичен клуб

Шпанскиот фудбалер Серхио Регулион, кој мина половина сезона на позајмица во Манчестер Јунајтед, е отповикан на должност во Тотенхем.

Регулион како и остатокот на екипата која ја предводи Тен Хаг, беше блед, неубедлив, па целосно се вклопи во сивилото на „црвените ѓаволи“, не успеа да забележа ниту еден гол ниту асистенција. Одигра вкупно 12 натпревари.

Тој летоска договори едно-сезонска позајмица со Јунајтед, но тој сега се враќа во Тотенхем, а има опција да замине и на друго место доколку најдат подобра опција со неговиот менаџер.

Регулнио на терен за Јунајтед помина вкупно 654 минути, што му овозможува (според правилникот на УЕФА) да најде нов клуб во преостанатите пет месеци од сезоната.

Со враќањето на Лук Шо и Тајрел Маласија, јасно беше дека неговите минути на терен ќе бидат лимитирани, па со Јунајтед се договорија дека треба да ја прекинат соработката на пола сезона.

Сега веројатно му следува нова позајмица кај Постекоглу во Тотенхем, а тој не би имал ништо против да се врати евентуално во Шпанија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО