Тешка повреда на Перез де Варгас

За шпанскиот ракометен голман Гонзало Перез де Варгас официјално е завршена откако се потврди најлошото можно сценарио по тешката повреда на натпреварот против Бидасоа во шпанскиот шампионат.

Фантастичниот голман го повреди коленото во 40. минута и веднаш стана јасно дека проблемот е сериозен, а по деталните прегледи утврдено е дека станува збор за скинати лигаменти.

Перез де Варгас го очекува пауза до крајот на сезоната по која воедно ќе заврши и неговата кариера во Барселона. Шпанецот од следната сезона ќе настапува за германскиот Кил.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО