Тензично на пресот на Баерн: Тухел го прашаа за евентуалниот отказ, тој одговори

Баерн Минхен вечерва го пречекува тимот на Лацио во реванш пресметката од осминафиналето.

Домаќините имаат негатива од еден гол, а свесни се дека мора да направат пресврт доколку сакаат да не бидат елиминирани. Баерн Минхен не е баш најдобар и во домашното првенство, така да за вечерва императив им е победа.

Пред мечот, на вчерашната пресконференција, Томас Тухел доби едно незгодно прашање, односно дали смета дека мечот со Лацио ќе биде неговиот последен, тој одговори помалку и нервозно.

– Не, не се грижам околу тоа дали ова може да биде мојот последен натпревар во Баерн Минхен. Можам само да кажам дека никој повеќе од мене не го посакува триумфот над Лацио, порача тренерот на Баерн Минхен.

Постојат индиции дека доколку Баерн биде елиминиран, Томас Тухел би можел да заработи веднаш по натпреварот отказ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО