Судија суспендиран на седум години и шест месеци!

Бразилскиот тениски судија, Антонио Каза суспендиран е на седум години и шест месеци откако ги признал наводите за корупција и прекршувања на правилата поврзани со обложување, објави Меѓународната агенција за тениски интегритет (ИТИА).

Бразилскиот судија казнет e и парично, со 8.000 долари и со условна казна за 17.001 долари, поради кршење на тениската антикорупциска програма (ТАСП).

– Каза призна седум прекршувања на ТАСП, вклучително и обид за корупција, манипулација со поени на натпреварите со цел обложување и олеснување на обложувањето, соопшти ИТИА.

На суспендираниот судија ќе му биде забрането да суди или да присуствува на кој било тениски настан одобрен или санкциониран од членовите на ИТИА до 27 септември 2031 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО