Тенисерките доминираат меѓу најплатените спортистки

Меѓу десетте најдобро платени спортистки во изминатата години дури седум се тенисерки.

На врвот на листата е американската тенисерка Коко Гоф, која во 2023 година заработи 21.1 милиони евра.

Зад неа е полската тенисерка Ига Швјонтек со вкупно инкасирани 20.2 милиони евра.

На третото место според заработувачката лани е кинеската скијачка во слободен стил Ејлин Гу, а од тенисерките во Топ 10 се најдоа и Британката Ема Радукану (четврто место), Јапонката Наоми Осака (5), Белорусинката Арина Сабаленка (6), Елена Рибакина од Казахстан (7) и Американката Џесика Пегула, на осмото место.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО