21-годишниот, Расмус Хојлунд, се пресели во Манчестер Јунајтед од Аталанта во летото во 2023 година за 73,9 милиони евра. Фудбалерот во сезонава одигра 30 натпревари за „црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања на кои постигна 13 голови и направи две успешни додавања за погодок.
Неговиот договор ќе биде валиден до 2028 што дефинитивно го радува тренерот на англискиот состав, Ерик тен Хаг.
– Одлично е што потпишавме со Хојлунд бидејќи ни требаа напаѓачи. Реално, немавме многу добри опции но, тој заслужува да игра за Манчестер Јунајтед – потенцирал Холанѓанецот.