Манчестер Јунајтед во недела го игра големото дерби против Тотенхем од 17:30 часот.
Менаџерот на клубот од Манчестер, Ерик Тен Хаг, е под голем притисок поради лошиот прв дел од сезоната, па тоа никако не смее да им се повтори во пролетниот дел или вториот дел од сезоната.
Јунајтед е на осмата позиција сезонава, што јасно укажува на мноштво проблеми со кои мора да се избори холандскиот стратег во следниот период, со цел клубот да обезбеди ЛШ фудбал идната сезона.
Екс дефанзивецот на Ливерпул, Џејми Карагер, тврди дека Холанѓанецот сега буквално е на проба кај еден од новите сопственици на клубот, Сер Џим Ратклиф.
– Тен Хаг е на проба сега кај Џим Ратклиф и со доаѓањето на ИНЕОС. Во остатокот од сезоната за Јунајтед мора да дојдат подобри резултати. Доколку не се случи тоа, тој ќе мора да замине и свесен е за тоа. Кога имате нова инвестиција во елитен клуб, следуваат промени и ревизија на секое сторено дело. Доколку сте вие Ратклиф и вложите милијарда во еден фудбалски клуб, тогаш приоритетот мора да биде напредок и подобри резултати, порача Карагер.