Се враќа подзаборавениот Солскјер

Оле Гунар Солскјер би можел да се врати на клупата по двегодишна пауза. Откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед во ноември 2021 година, Солскјер се уште ја чека вистинската понуда, а најновата е од Шведска.

Норвежанецот беше контактиран од Шведската фудбалска асоцијација, која му ја понуди функцијата селектор на репрезентацијата.

Јане Андерсон поднесе оставка во ноември, откако не успеа да ја однесе Шведска на ЕУРО 2024 година, оставајќи ја селекторската позиција празна.

Солскјер е сериозна мета на Швеѓаните, но се уште не се знае дали Норвежанецот ќе ја прифати понудата.Тој веќе ги одби понудите од Саудиска Арабија, како и од турски Бешикташ, бидејќи се надеваше дека ќе се врати во Премиер лигата.

Солскјер добро го познава и скандинавскиот фудбал, откако пред да замине во Јунајтед го тренираше Молде во својата татковина.

-Имав понуди, неодамна две од Саудиска Арабија. Мојот најдобар пријател, кој е и мој агент, реши да ги одбие. Кога во кариерата си предводел со Манчестер Јунајтед, критериумите се различни. Ги сакам Англија и Премиер лигата”. рече во септември Солскјаер.

Останува да видиме дали понудата на Швеѓанецот ќе биде доволно добра за неговите критериуми и амбиции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО