Темата со Мбапе е најинтересна, но Луис Енрике тврди: Додека тој не каже, јас ќе молчам!

Францускиот фудбалер Килиан Мбапе би требало на лето да се пресели во Реал Мадрид, но околу тоа сценарио се уште нема ништо официјално.

За сега е играч на ПСЖ, а односот негов кон клубот изминатите неколку месеци беше доста турбулентен и „светците“ правеа се што можат за да го задржат.

Но судејки по се што се случуваше и најавуваше изминатиот период, веројатно Мбапе ќе биде нов играч на „кралевите“ од летото, иако тренерот на ПСЖ се уште тврди дека последнито збор го има играчот.

– Ајде да почекаме Килиан сам да прокоментира за својата иднина. Кога Мбапе и ПСЖ ќе кажат нешто заеднично во јавноста, тогаш ќе видиме. Тоа е процес, додека тој сам не каже што понатаму, јас ќе молчам и ќе чекам, порача Луис Енрике.

Мбапе беше фантастичен синоќа против Барселона во ПСЖ, тој беше еден од клучните играчи на гостите кои победија во Каталонија со 4:1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО