Надал елиминиран во Барселона, па порача: Веројатно ова беше мојот последен меч

Шпанецот Рафаел Надал се прости од Барселона со пораз од Алекс де Минор во 2. коло, со што го најави неговиот последен меч на овој турнир.

Скоро сигурно за неколку месеци Рафа Надал и дефинитивно ќе го најави неговото повлекување од тенисот, а по оваа елиминација, тој порача дека веројатно го одиграл последниот меч во Барселона.

– Не зборувам дефинитивно за конечно простување, секогаш ставам „скоро сигурно“ или „мислам“. Но што да се прави, едно од сценаријата е и дека го одиграв мојот последен натпревар во Барселона. Да се победи овде 12 пати е незамисливо, можам само да кажам благодарам.

– Заминувам од Барселона сигурен дека направив чекор напред, но денеска не беше мој ден, бев поразен. Да видам сега дали ќе можам да бидам малку повеќе подготвен во Мадрид, па потоа Рим и Париз. Имам седум дека да тренирам за Мадрид, порача Рафаел Надал.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО