Таткото на Јамал се јави откако беше избоден: Бев меѓу животот и смртта!

Таткото на младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, Мунир Насрауи (38) го даде првото интервју од болницата каде што заврши откако беше нападнат и избоден со нож неколкупати. Пред нападот тој учествувал во тепачка на улица. Полицијата уапсила четворица напаѓачи.

– Бев меѓу животот и смртта, бев исплашен како што би се исплашил секој друг. Морам да бидам смирен заради сите, заради себе и заради моето семејство. Немам избор.

Мораме да веруваме дека правдата ќе си ја заврши работата. Благодарен сум што можам да зборувам, се чувствувам малку подобро, не сум веќе во  одделението за интензивна нега, рече тој.

Мунир е од Мароко, а мајката на Јамал, од Екваторијална Гвинеја. Ламин Јамал (17), кој игра за Шпанија, носи копачки со знамиња на африканските земји и истакнува дека е горд на своето потекло.

Јамал моментално е еден од најдобрите фудбалери во светот и вреди 120 милиони евра според Трансфермаркт. За шпанската репрезентација одигра 14 меча и даде три гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО